
По повод 10-ти декември, Меѓународниот ден на човечки права и вториот Саем на националните малцинства во Србија, под наслов „Сложни мозаик Србије“. Здружението на Македонците за Моравички округ „Даме Груев“ – Србија, се вклучи во прославата на овој празник и под покровителство на општината Горњи Милановац, во соработка со Културен центар од Горњи Милановац и НС на МНЗ во Србија, во сабота, на 09.12.2017 година, во склоп на својот веќе традиционален проект „Ние за својот град“, организира Концерт на Македонска Музика.
На концертот настапија музичкиот состав „Акустико Бенд“ од збратимената општина Кавадарци, Пеачката група „ЛИРА“ од Чачак, Пеачката група „Македонки“. Како специјален гостин настапи талентираната оперска пеачка Ана Синицки, мецосопран „нашата Словенска душа“ /по татко Русинка, по мајка Македонка. Во свој стил на спој на класична и популарна музика, се претстави со неколку песни кои ги изведе на Македонски, Руски и Српски јазик.
После концертот гостите имаа прилика да се почестат со дел од македонски специјалитети на јадења, но и со Црно Тиквешко и Жолта, за што се погрижи нашиот веќе „традиционален помагател“, советникот во општина Росоман, нашиот Ристо Јошев. Манифестацијата продолжи во ресторанот на „Норвешка куќа“, со „Македонска вечер“ каде што „нашинците“ од Чачак, Г.Милановац, Гуча…Белград, Панчево, Пландиште уживаа со песни и ора во извдба на „Акустико Бенд“
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden