Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста ке организира “Езерската средба” на ветераните од Македонија и Албанија

Градоначалникот на Охрид, професор д-р Јован Стојаноски, денеска, прими делегација на Општинската организација на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Републикиа Македонија, предводена од претседателот, полковник Добре Вељаноски. На средбата беше разговарано за заедничките активности во оваа година, посебно околу организацијата на прославата на првата 10 годишнина од успешното постоење и продуктивно дејствување на Општинската организација на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Републикиа Македонија, оваа пролет, замислена како “Езерска средба” на ветераните од крајезерските места на Република Македонија и Република Албанија.


Имено, Општинската организација на ветераните во Охрид, суштествува како матица на собирање на ветераните од Западна Македонија, бидејќи тука е инкорпорирана активноста на колегите од Струга, Ресен, Дебар, Ростуше и Маврови Анови. Како таков, огранокот е со најбројно и најактивно членство во Република Македонија, односно во Охрид е најмасовната невладина асоцијација со над 200 илјадно членство.
Вељаноски го покани ,додека градоначалникот Стојаноски прифати да биде покровител на средбата, на која ќе бидат поканети сите градоначалници, заедно со претставниците на ветераните од Албанија ( Поградец, Корча, Пешкопеја, Елбасан, Берат).


Мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање, се од животна важност, не само за граганите во нашата земја, туку и во соседството и регионот, што е наша водилка во оваа соработка, за што се потпишани меморандуми и спогодби. Не случајно една од нашите средишни активности се нарекува “Чекори за мир”.На овој начин, даваме придонес во такавиканата локална дипломатија, за што Охрид треба да предњачи во земјата –потенцираше полковник Добре Вељаноски. Соработката, посебно со Албанија, е подигната на највисоко ниво, бидејќи во Охрид доага самиот претседател на нивното националчно здружение, Колонел Тома Кондури, за што не треба да се занемари придонесот на првиот човекот на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Републикиа Македонија, генерал Филип Котели.

Advertisement