Здружението „Заедницата на Црногорците во Албанија“ слави 5 години од основањето

На 9 ноември 2023 година, здружението „Заедницата на Црногорците во Албанија“ – ЗЦГА, под покровителство на Ружица Рашович и Никола Судар, одржа тркалезна маса по повод 5-годишнината од основањето. Беа присутни Префектот на округот Тирана, Африм Ќендро, претседателот на Комитетот за национални малцинства, Константина Безијани, претставник на Дирекцијата за соработка со дијаспората и иселениците од Црна Гора, Зоран Ѓукановиќ, претставник на Амбасадата на Црна Гора во Тирана,  Ивана Булатовиќ, претставник на Црногорското малцинство во Албанија, Маринко Чулафиќ, поранешен градоначалник на општина Цетиње Александар Кашчелан, претставници на националните малцинства во Република Албанија, директор на издавачката куќа „Фан Ноли“  Реџеп Хила, припадниците на црногорското малцинство. За време на активноста беше претставена стихозбирката „Пораки за пријателство“ од Ангелина Калуѓеровиќ.

Advertisement