Земјотрес од 3,7 степени по Рихтер почувствуван во Охрид и во Ресен

 

Земјотрес со јачина 3.7 степени по Рихтер го погоди охридскиот регион. Потресот најмногу го почувствуваа жителите на Охрид и Ресен, во 15.10 минути. Епицентарот бил на 6 километри од Ресен и 8 километри од Јанковец. Земјотресот бил краток и силен, на три километри длабочина, а го почувствувале жителите на Ресен, Охрид и Струга. Засега нема информации за жртви или материјална штета, граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека земјотресот предизвикал паника и многумина избегале од своите домови.