Земјотрес од 5,5 степени ја погоди Кина

4 лица загинале во земјотресот со сила од 5,5 степени кој ја погодил автономната покраина Синџар Ујгур во северозападот на Кина јавуваат новинските агенции. Кинескиот сеизмолошки центар соопштил дека, земјотресот бил евидентиран денес во раните утрински часови во 05.58 часот според локално време.

Епицентарот за земјотресот се наоѓал во Ташкорган Таџик во провинцијата Кашгар во Синџар Ујгур. Земјотресот се случил на длабочина од 8 километри во внатрешноста на земјината кора. После главниот потрес биле забележани и неколку сериски потреси.