Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер гo погоди Егејското Море

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ги погоди Додеканските Острови во Грција и пограничната област со Турција. Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од 2 километри. Земјотресот се почувствувал на островите на југоистокот на Егејското Море, вклучувајќи ги Кос, Родос и Крит. Нема извештаи за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Advertisement