Жителите на селото Радоешта областа Голо Брдо 30 години роблеми со електричната енергија (ВИДЕО)

Жителите на селото Радоешта областа Голо Брдо веќе три децении се соочуваат со сериозни проблеми со електричната енергија, чести прекини, низок напон и застарена мрежна инфраструктура им го отежнуваат секојдневието и предизвикуваат штети на домашните апарати.

Мештаните велат дека ситуацијата е неподнослива, особено во зимските месеци, кога селото често останува без струја со часови или дури денови. И покрај бројните пријави и апели до надлежните институции, засега нема трајно решение.

Жителите повторно бараат итна реконструкција на електричната мрежа и стабилно снабдување, нагласувајќи дека нивното право на основни услови за живот со години е запоставено.

Областа Голо Брдо опфаќа 21 села се целосно населени со Македонци, додека други четири села, се со мешан етнички состав, Македонци и Албанци.