Поранешниот јавен обвинител на Албанија побарал азил во Турција

Екс јавниот обвинител, Арбен Лала од кој властите во Тирана бараат да влезе во таканаречениот систем на Ветинг, што значи проверка на неговата работа како обвинител и неговиот капитал, побарал азил во Турција. Според информациите, надлежните власти веќе неколкупати се обиделе да добијат информации за имотот на Лата, но, тој отпатувал за Турција каде што веќе побарал азил.

Лала, кој беше директно обвинет од страна на властите во Албанија, но и од страна на Американската амбасада во Тирана, за директна вмешаност во непокренувањето на обвиненија против голем број на криминални групи во земјата, не доби американска виза. Американската амбасада соопшти дека Лала е непожелен во САД .

Лала ја напуштил Албанија и побарал засолниште во Турција, во моменти кога се очекуваше покренување на обвинение против него, од страна на новата јавна обвинителка Арта Марку. Лала според медиумите стекнал голема имотна корист за време на неговиот мандат како јавне државен обвинител на Албанија. Засега нема информации дали Тирана ќе побара екстрадиција на Лала.

Advertisement