Илир Мета е невозможно парламентарните избори во Албанија да се одржат без учество на опозицијата

 

Лидерот на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), Илир Мета денеска изјави дека е невозможно парламентарните избори во Албанија да се одржат без учество на опозицијата. За разлика од албанскиот премиер Еди Рама, кој изјави дека парламентарните изборите ќе се одржат на 18 јуни, со или без опозицијата, неговиот коалициски партнер Илир Мета порача дека мора да се гарантира плурализмот и оти треба да се постигне заеднички консензус за да се избегнат„катастофални последици“. Жал ми е за ова прашање. Сите треба да знаат дека плурализмот во Албанија дојде на 12 декември 1990 година и ние сите треба да работиме за успешни избори, отстапувајќи од категоричните ставови кои може да ни донесат катастрофални последици, непосакувани за Албанија и Албанците, изјави Мета. Албанската опозиција, предводена од Демократската партија која од 18 февруари протестира пред Владата, бара формирање техничка влада која би спроведе слободни и фер избори најави дека ќе ги бојкотира изборите, ако не биде исполнето ова нивно барање.

Advertisement