
Со низа свечености и настани денеска Град Скопје и сите скопски општини свечено се одбележува “13 Ноември” – денот пред 74 години кога главниот град беше ослободен од фашистичката окупација. Свеченостите започнаа со средбата на градоначалникот Петре Шилегов со борците од Градскиот одбор на Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
Во ослободувањето на Скопје учествувале единиците на 12. бригада, 3. бригада, 8. бригада, на 42. дивизија, 50. дивизија, како и 16. бригада. Нападот за ослободувањето на градот почнал во текот на ноќта помеѓу 12 и 13 ноември 1944 година. Вечерта, на 13 ноември, Скопје било ослободено, а на борците ослободители им бил приреден свечен пречек.
И додека многу градови низ Европа ги ослободуваа странски војски, Скопје го ослободија нашите партизани. Иако беа далеку помалку опремени од окупаторот, иако беа послабо вооружени тие успеаја да го победат затоа што го бранеа својот град, својот дом, а има ли нешто посвето отколку да го жртвуваш животот за својот дом – рече пред присутните градоначалникот Шилегов.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden