Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест во организација на движењето „Бојкотирам за уставни промени“. Протестот започна со пеење на македонската химна, претходно снимена и испеана од оперскиот пејач Игор Дурловски.
Барањата на движењето #Бојкотирам се трајна заштита на името на Македонија, итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, почитување на домашното и меѓународното јавно право, распуштање на, како што велат, делегитимизираното Собрание, и распишување вонредни парламентарни избори и поништување на Преспанскиот договор.
Движење #Бојкотирам го најави протестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. Ги повикаа сите учесници да се воздржат од провокации, навреди, вандализам. За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата.
https://www.facebook.com/Expres.mkd/videos/292723878037130/
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
