Албанскиот парламент ја поддржа реконструкцијата на владата на предлог на премиерот Еди Рама, кој во иднина ќе ја врши и функцијата шеф на дипломатијата. Парламентот го поддржа изборот на девет нови министри, а опозицијата го бојкотираше гласањето. Рама, исто така, ќе биде и министер за надворешни работи, откако албанскиот претседател Илир Мета одби да го потврди назначувањето на кандидатот на Рама, Гент Цакај на таа функција, наведувајќи дека тој не ги исполнува стандардите. Мета, без објаснување, не го прифати ни разрешувањето на доскорешниот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати. Рама започна процес на реконструкција на владата кон крајот на декември по студентските протести.