ДИК на денешната прес-конференција го објави мнозинството неофицијални резултати, од кои се заклучува дека Стево Пендаровски е нов претседател на Република Македонија.
Кандидатот Горадана Силјановска – Давкова доби 375 434 гласа, додека пак Стево Пендаровски добил 434 096 гласа или 51.83 % проценти од избирачите кои гласале. Можам да заклучам дека денениот изборен ден е во фер и коректна атмосфера.
Немаше пријави за било какви нерегуларноти на избирачките места. Им честитам на граѓаните за упорноста и истрајноста. Можам да кажам дека имавме добри кандидати кои се однесуваа прилично коректно“, истакна првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски.
Официјалните резултати ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
