Изборниот колегиум пресече избори на 30 јуни во Албанија ќе има

Повеќе нема дилема, локаланите избори во Албанија ќе се одржат на 30 јуни, вака пресече Изборниот колегиум на денешната седница, со потврдување на одлуката на Централната изборна комисија(ЦИК) со која се отфрла барањето на Партијата за национално единство да биде избришана од гласачките ливчиња.

Од друга страна, претставникот на ЦИК рече дека оваа институција останува на одлуката што ја дала на барањето на Партијата за национално единство. Уредбата на претседателот е кршење на Уставот. Таа е неважечки административен акт, рече претставникот на ЦИК. Според ЦИК партијата на Беќри не може да се избриште бидејќи веќе се испечатени гласачките ливчиња.