
Имено, на 11 август 2018 год. во Скопје се одржа Основачкото собрание на политичката партија ДЕМОКРАТИ. Иако во почетокот основањето на партијата беше третирано како авантура, сепак нејзините основачи и се поголемиот број на членови на ДЕМОКРАТИ покажаа и докажаа дека напорната работа се исплати. Инаку, вредно е да се спомне дека политичката партија ДЕМОКРАТИ моментално е единствена партија во Македонија која не коалицирала и нема намера да коалицира со ниту една друга партија бидејќи нивната програма се темели на мотото СТОП за аномалиите во државава и одбивање на соработка со партии кои се вплеткани во корупција или се формирани од лица кои досега коалицирале и помагале коруптивни дејства од досегашните владеачки партии.
ДЕМОКРАТИ се создадени и во ДЕМОКРАТИ членуваат лица со достоинствено животно и професионално искуство, а во нивните редови е добредојден секој кој има намера македонската држава да стане достојно место за живеење. ДЕМОКРАТИ, со својата Програма, се определиле за искористување на знаењето и работливоста на секој граѓанин на Македонија. На тој начин, секој професионално ќе си ја извршува својата работна задача за што ќе биде и соодветно награден. ДЕМОКРАТИ, во изминатава година, покрај постојаните средби со жителите нив градовите и селата во државава, одржуваа и контакти и развиваа соработка со бројни меѓународни институции, партии и политички личности.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана е еден од субјектите со кои активно соработува политичката партија ДЕМОКРАТИ. Во име на нашата досегашна и со желба за плодна идна соработка, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана им го честита првиот роденден на ДЕМОКРАТИ и им посакува натамошни успеси и остварување на зададените цели.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden