Два силни земјотреси во Албанија почувствувани и во Македонија

 

Силен земјотрес во 16:05 часот со епицентар во близината на албанскиот град Драч, беше почувствуван и во Македонија. Жителите на западниот дел на нашата земја, како и жителите на Скопје го почуствуваа земјотресот кој беше со јачина од 5.8 степени според Рихтеровата скала. Десетина минути подоцна, нов земјотрес на истото место, овој пат со 6.1 степени според Рихтеровата скала, повторно беше почувствуван и во нашата земја.