
Македонската Алијанса дава јавна поддршка за барањето на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана. Македонската Алијанса се согласува со констатацијата на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана дека е скандалозно и неодговорно цели 6 месеци Албанскиот Парламент да ја избегнува ратификацијата Договорот за почеток на работа на Македонскиот Културен Центар во Тирана.
КАДЕ СЕ СЕГА ВЕЧНИТЕ АХМЕТИ И ДУИ ЈАВНО ДА ГО ПОВИКААТ РАМА ДА ЈА ЗАБРЗА ПОСТАПКАТА? КАДЕ СЕ ПЕНДАРОВСКИ, ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ПОБАРААТ ОД АХМЕТИ ЗАЕДНО ДА ИНСИСТИРААТ АЛБАНСКИТЕ ВЛАСТИ ДА ИМ ГИ ОВОЗМОЖАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ИСТИТЕ ПРАВА КОИ АЛБАНЦИТЕ ГИ УЖИВААТ ВО МАКЕДОНИЈА?
Нашите браќа и сестри Македонци кои живеат и работат во Албанија бараат поддршка. Ако Албанските власти тактизираат со отворање на Македонски Културен Центар, што да се очекува за иницијативата за преиспитување на територијалната и административна поделба од 2015 година и враќање на Општините Голо Брдо и Гора во претходните рамки. На Македонците од овие региони да им се овозможи преку локална власт самите да управуваат со овие општини, каде всушност се и мнозинско население што ќе овозможи образовна и културна автономија. Мудра Држава го штити националниот идентитет борејќи се’ за своите надвор од границите. Со полтронство, сервилност и недостаток на национално чувство не може да се избориш за своите браќа и сестри. Немакедонската Влада ги пушти низ вода Македонците од Егејска и Пиринска Македонија, а за оние во Албанија не покажува речиси никаков интерес. Индиректно, предавниците одработуваат за Грција и Бугарија кои идиотски тврдат дека Македонската нација постои од 1944. Воопшто не е случајно што Македонците во Албанија веќе подолг период се цел на Големо Бугарскиот национализам. Најголемите негатори на Македонскиот идентитет, Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во 2017 со Резолуција во Европскиот Парламент побараа Македонците од Преспа, Голо Брдо и Гора да бидат прогласени за Бугари. И покрај сите наши заложби Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска не мрдаат со прст.
НИЕ ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ НАШАТА БОРБА! НЕМА ЗАСТАНУВАЊЕ! ИМАМЕ ПЛАН И ЗНАЕМЕ!
Македонската Алијанса бара пропорционална застапеност на Македонците во сите државни институции на централно ниво, органи на локална самоуправа и локална администрација каде што живеат Македонци, како и Македонски претставник во Управниот Одбор на Албанската Државна телевизија. Албанската Влада да отвори катедри за Македонски јазик на Државните Универзитети во Тирана и „Фан Ноли“ во Корча. – стои во соопштенито потпишано од Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, претседател, на Македонската Алијанса.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden