Баша бара предвремени избори во Албанија, по примерот на Македонија

 

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша бара државата да го следи примерот на Македонија и да се спроведат избори. Тој вели дека албанската Влада треба да преземе одговорност за неуспехот на преговорите со ЕУ и да му го врати мандатот на албанскиот народ. Баша вели дека само со нова, легитимна влада која ќе го води процесот на преговори, можен е напредок. Според него, Советот на ЕУ со одлуката на 18 октомври ја отфрли Владата на Рама, а не Албанија.