Поурдас: Преставник на младите на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ учестуваше на генералното собрание на Младината на ЕФА

Софиа Поурдас заменик на младите на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ учестуваше на генералното собрание на Младината на ЕФА се одржа во Минхен, Германија каде го престави младите на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“

“Имав еден инспиративен викенд во Минхен каде што го претставив ,,Виножито” и нашето малцинство на генералното собрание на Младината на ЕФА. Исто така имавме гости од Федерацијата на младите европски зелени (ФЈЕГ) како и од Младината на европските националности (ЈЕН). Имавме добра дискусија, гласавме за нов одбор и за нова претседателка која ни доаѓа од Шкотска (ЈСИ). Не чека една 2020 година со многу состаноци. Во иднина се надеваме на уште една ваква средба во Лерин” – напиша на својот фејзбук профил Софиа Поурдас заменик на младите на Партијата на Македонците во Грција „Виножито“.

Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ е рамноправен членка на Европската слободна алијанса. ЕФА е асоцијација на малцинските партии од целиот европски континент и е претставена во Европскиот парламент.