Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија да се пријават во Амбасада на Македонија во Тирана за изборите во Македонија

Македонското друштво „Илинден”-Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија што имаат македонско државјанство да се пријават или да направат увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, на 12 април 2020

„Согласно Јавниот повик објавен на сајтот на Државната изборна комисија на Македонија вашето избирачко право ќе може да го остварите со увд и пријавување во амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица „Кавајес’’ број 116, стои во повикот.

Се додава дека увид во Избирачкиот список може да се направи и преку интернет страницата https://dijaspora.sec.mk Изборачкиот список http://izbrackispisok.gov.mk како и за пријава за регистрација за глaсање во Дијаспора https://dijaspora.sec.mk.

Доколку сте во можност проверката во Избирачкиот список може да ја направите и лично во амбасадата на Република Македонија во Тирана, како и пријавувањето за гласање. За сите дополнители информации во врска со изборниот процес може да се јавите на телефонскот број на амбасадата 042230909, се наведува во повикот.

Се посочува дека гласањето ќе се одржи во сабота, на 11 април 2020 во период од 7:00 до 19:00, во просториите во амбасадата во Тирана.