Македонско друштво „Илинден”-Тирана обезбеди донација во ИТ опрема за гимназијата во Пустец

Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана обезбеди донација во ИТ опрема ( 6 комплет компјутери), школски маси и столови и детски списанија на македонски јазик. Оваа донација ќе биде предадена на директорот на гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, Трајан Ванѓеловски кој ќе ја прераспредели според потребите на учениците со цел тие да добијат поквалитетна настава на часовите по информатика. Согласно потребите на учениците во иднина ќе продолжи овој тренд на донирање ИТ опрема за учениците во областа Мала Преспа.