Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР ќе го следат и овој изборен циклус. Нивната долгорочна мисија е веќе започната, а на денот на изборите, 250 краткорочни набљудувачи ќе се приклучат на мисијата. Шефот на мисијата, Тана Де Зулуета не ги коментираше последните измени во Изборниот законик за кои се вели дека се препораки на ОБСЕ/ОДИХР. За проценките за влијанието на овие измени и другите дополнителни препораки, рече дека треба да се почека крајот на процесот.
“Некои од овие амандмани се однесуваат на приоритетните препораки на ОБСЕ/ОДИХР, со помошта што ја дадовме во областа на законодавството. Ќе видиме, но е рано да се каже дали е доволно. Како што споменав, беа одобрени само некои од препораките.”- рече Тана Де Зулуета.
ОБСЕ/ОДИХР не дава претходна проценка на очекувањата за овој процес, но проценува дека кампањата се очекува да биде многу активна. Претставниците на ОДИХР, до изборите, ќе одржат состаноци со учесниците во изборите и со надлежните институции. Мисијата за набљудување ја вклучува и работата на медиумите. Покрај меѓународните набљудувачи, изборниот процес ќе го следат и домашните набљудувачи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
