МНР испрати соопштение за итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот:
„Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината.“
Тие испратија листа на податоци кои се потребни за граѓаните да се пријават во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаат мисија. Емаил адресите на ДКПта се достапни на сајтот на МНР .
Потребни податоци:
– име и презиме
– број на патна исправа
– контакт телефон
– земја и град каде се наоѓате
– дали имате регулиран престој во која било странска држава
Пресек на состојбата ќе се направи за 24 часа. Затоа апелираат да се пријават тдо утре до 17 часот (четврток 19 март 2020 год).
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
