Албанија: Бројот на заразени 186, излекуван 31-ен пациент, починати осум лица

Во Албанија во последните 24 часа дијагностицирани се нови 12 случаи со „Ковид-19“ со што бројката на вкупно зазарените се зголеми на 186 лица. Добра вест е што бројот на заразените споредено со вчера е помал за дури 16 лица а уште поохрабрувачка е веста дека се излекувани 31 пациент, меѓу нив еден лекар и една медицинска сестра.

Во последните 24 часа тестирани се 102 лица при што позитивни на „Ковид-19“ се 12 лица, што е помала бројка споредено со вчера. До сега тестирани се 1.246 случаи а позитвни се 186,меу нив четири деца. Од вкупната бројка изелекувани се 31-ен пациент, додека за жал и покрај сите напори на лекарите починаа осум лица, информираше Албана Фицо,директорка на Институтот за јавно здравје. Додаде дека мапата на заразени се прошири и со градот Пук, каде се дијагностцирани првите два сучаи а бројката се зголемува во Тирана, Корча, Фиер, Скадар и Драч.

Во Тирана бројот на заразени е 107 лица, во Фиер 20, Корча 12, Драч 11, Валона и Елбасан по пет, Љушња, Каваја, Скадар и Лежа по 4, Рогожина, Хас, Тропоја и Пук по две и Круја и Берат по едно лице, изјави Фицо. Посочи дека во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 77 пациенти, петтмина од нив се на интензивна терапија,додека останатите засега се во стабилна состојба.