
Во Албанија во последното деноноќие регистринани се 17 ново заразени со Ковид-19. Според Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје, со ново дијагностицираните вкупниот број на заразени се зголеми на 820 лица. Во последните 24 часа извршени се 140 тестирања на сомнителни случаи, при што позитивен резултат има кај 17 од нив. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 9.146 тестови,позитивни се 820 а оздравени 70 отсто од нив. Активни на болеста се 219 повеќето со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови,- информираше Фицо.
Додаде дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ се 38 пациенти од кои осум се на интензивна терапија. Посочи дека епидемиолошката состојба се следи со посебно внимание од сите здратсвени структури и апелираше до граѓаните да продолжат да ја почитуваат социјалната дистанца,да ја одржуваат личната хигиена а за бизнисите кои почнаа со работа строго да ги почитуваат мерките за безбедност
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden