
Невидената офанзива на бугарската држава во Албанија, со цел одродување на Македонците во Албанија и нивно вештачко претставување како Бугари има за цел да „покаже“ и „докаже“ дека доколку на исток и на запад од Македонија живеа Бугари, тогаш и населението во Македонија е бугарско.
За остварување на таа своја цел, бугарските политичари не се либеа јавно да ги уценува албанските власти со европската иднина на албанската држава. Ваквото самоволие ниту е казнето, ниту е спречено од демократска Европа.
На зачестените бугарски провокации во однос на македонското население во Албанија единствено реагираше Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Ценејќи дека се оправдани овие реакции, политичката партија ДЕМОКРАТИ дава целосна поддршка на Македонците во Албанија и ги охрабрува да ги издржат сите лицемерни и јавни напади врз нивната национална припадност.- стои во соопштението на политичката партија ДЕМОКРАТИ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden