Пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, на вчерашното пленарна седница на албанскиот законодавен дом, побара од Владата да инвестира во областите каде што живеат Македонците, зашто, како што рече, тие се најсиромашни области во Албанија.
Во име на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција ја повикувам владата и локалните власти да инвестираат и да ги подобрат условите за живот и работа во областите каде живее македонската заедница, бидејќи овие се најсиромашните области во нашата земја, запоставени од сите влади во последните 30 години, без потребната патна инфраструктура, водоснабдување, канализација, здравствена услуга, електрична енергија и др.
https://www.facebook.com/vasil.sterjovski/videos/10219311249905535/
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
