Албанија: Политичкиот совет постигна договор за изборната реформа (ФОТО)

Политичкиот совет,кого го сочинуваат претставници на политичките партии од власта и опозицијата, постигнаа договор околу изборните реформи, што е еден од 15-те услови за почнување преговори на Албанија со ЕУ.

По повеќе средби, синоќа по полноќ во Конгресната палата Политичкиот совет постигна консензус за спроведување на изборите, прифаќајќи ја 100 отсто електронската идентификација на гласачите на изборите. Во нацрт-договорот се вели дека Владата на Албанија гарантира навремено финансирање онолку колку што е технички можно,-пренесува државната агенција АТА. Надминато беше и недораборањето околу составот на изборните комисии и одбори.

Договорено е Централната изборна комисија да се реформира, член да биде само оној кој го поминал ветингот и да има двајца странски експерти кои ќе помагаат во подготовката,обуката и спроведувањето на процесот на биометриска идентификација. Претседателот да се избира со консензус а потпретседателот го предлага опозицијата. На овој договор претходеа повеќе средби на Политичкиот совет, како и неколку средеби и разговори со странските дипломати, посебно синоќешните средби на американската амбасадорка Јури Ким, со опозицискиот лидер, Љуљзим Баша и со шефот на државата, Илир Мета.