Жителите ја чувале локацијата на црквите изградени раните години на 20. Век во село Раштан и повикуват на помош да се изгради параклис (ФОТО)

Во селото Раштан, Прењас, попот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква и заинтересирани месни жители, неодамна ја посетиле локацијата, темелите и подовите со камени плочки на двете цркви на Света Марија. Жителите фанатично ја чувале локацијата на црквите, кои се наоѓаат во шума со недопрен даб, а во близина има извор на вода, која жителите ја сметаат за света и лековита.

Според сознанијата на жителите, црквите биле изградени уште во раните години на 20. Век. Местото каде се наоѓаат остатоците од црквите фанатично се штити од жителите, поради што попот Хелидон Демири им честитал на жителите и порачај дека ќе се моли, Света Марија да ги штити и благослови. Исто така, попот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква испраќа апел за помош за да се гради мал параклис на местото од црквите Св. Марија.

Треба да се знае дека во дел од Елбасанска Митрополија се служи по стариот календар т.е. Јулијанскиот календар, кој се користи од Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, како и источните Цркви вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија. Инаку, Албанската Православна Црква служи со Грегоријанскиот календар.