Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ја подготвува мисијата за изборите во Македонија

Мисијата на ОБСЕ – ОДИХР ја подготвува својата мисија за изборите во Македонија. На интернет страницата на организацијата е објавено дека согласно добиената покана за набљудување на изборите на петти јули, објавува повик за формирање специјална оценска мисија, а од апликантите бара тие да бидат достапни за работа од 19-ти јули.

Во повикот се бараат кандидати за 7 позиции: шеф на мисијата, заменик-шеф, политички аналитичар, изборен аналитичар, аналитичар за регистрација на гласачите, правен аналитичар и аналитичар за медиуми. ОБСЕ ја прекина мисијата во март, кога беа прекинати изборните активности поради пандемијата со коронавирусот. Информацијата дека мисијата со седум експерти ќе дојде во земјава за околу пет дена, ја потврди и портпаролката на организацијата, Катја Андруш.