Делегација на Општина Пустец, Мала Преспа, предводена од градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев. На средбада беа разменети мислења и искуства околу аплицирањето во Европските фондови, можности за прекугранична заедничка соработка, инвестирања и слично. Оваа заедничка средба претставува темел за понатамошната меѓусебна соработка во иднина меѓу Општина Пустец и Општина Кавадарци .
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
