Оглас за практикант за ИПА програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија 

Министерството за локална самоуправа од Република Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, како оперативни структури на ИПА прекуграничната програма Република  Македонија – Република Албанија, во рамките на оваа програма објавуваат јавен оглас за кандидати за следната слободна позиција:

– 1 практикант во рамките на ИПА Прекугранична програма Република Македонија – Република Албанија (1 (еден) за канцеларијата на ЗТС Струга.

– Описот на работната позиција можете да го превземете од следните официјални веб- странции: http://ipacbc-mk-al.net ; www.mls.gov.mk ; http://punetejashtme.gov.al ;

Кандидатите треба да ги обезбедат следните документи во електронска форма:
– Кратка биографија (CV),
– Копија од диплома за завршено образование
– Други документи по желба

Документите треба да се поднесат преку e-mail на следнава email адреса:
jts_mkal@yahoo.com

Краен рок за испраќање на апликација: Заинтересираните кандидати нивните апликации да ги испратат, преку email, најдоцна до 21.12.2020, 12 часот. Ќе бидат разгледувани само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот рок за доставување на апликации, од овој оглас.