Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво “Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката.
Се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Да го почитуваме и славиме Денот на двата Илиндена, со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем ден, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Илинденски излет на Македонците во Тирана во 1937 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
