
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари работна средба со неговиот колега, амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и Македонија, информираа од амбасадата. Додаваат дека срдечната средба, била искористена за размена на информации околу можностите за унапредување на економската соработка, областа на туризмот, како и организирање на посета на стопански делегации од двете земји. Во исто време, двајцата амбасадори размениле мислења и од областа на визниот режим.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden