Македонците од административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо апелираат да се асфалтрира патот Мостот на Церенец- Стеблево (ВИДЕО)

Иако требаше да биде асфалиран патот што ќе ги поврзува Дибра со Либражд, во моментов страшна е состојбата на патот Мостот на Церенец- Стеблево. Македонците во двете административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо, се надеваат дека ветувањата ќе се реализираат, патот ќе биде асфалтиран и дека патот ќе биде безбедебеден за користење. Како информација за јавноста, да кажеме дека проширувањето на патеката и неговото поплочување со чакалот е направено од 2012 година, така што патот е подготвен за асфалтирање од тогаш.

Поминаа скоро 11 години, но ветувањата кои постојано се повторуваат никако да се реализираат. Последното ветување датира од пред три години кога беше свечено објавено дека асфалтирањето започнало од Либражд, дека патот ќе ѝ служи на областа Голо Брдо, но досега патот не е асфалтиран. Корисниците на овие патишта, најчесто возачите велат дека ова што се случува со инфраструктурата е скандал, недозволиво зло е направено за оваа област било неасфалтирањето на оваа делница, иако тоа била единствената желба што ја поднеле до денес. Од друга страна, жителите кои ја користат оваа патна наска велат дека патот не се одржува со чакал, и дека станува тешко да се помине патот во текот на секоја сезона од годината.

https://www.youtube.com/watch?v=9ICHoS37BgQ&embeds_euri=https%3A%2F%2Fmattv.al%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title