
Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на македонци со потекло кои живеат на Балканот. Станува збор за предвидени 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, и тоа: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” – Охрид, Универзитет „Мајка Тереза” – Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden