
Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер денес ја погоди Западна Турција. Епицентарот бил во водите на Егејско море, на 83 километри од Измир, но потресот се почувствувал и во Истнабул, како и во Бугарија, но и на повеќе грчки острови. Турција е позната по јаките земјотреси. Во 2011 година во земјотрес со јачина од 7,2 степени загинаа околу 600 луѓе, додека пак во 2009 во два масивни земјотреси во северо – западниот дел на земјата загинаа околу 20.000 луѓе.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden