
Партијата „Единствена горанска партија“ работите на далноводот од Бука до Рестелица продолжуваат, а во Рестелица се градат трафостаници кои значително ќе го подобрат снабдувањето со електрична енергија, особено во населбата Висок Завор, но и во остатокот од селото.
Во текот на претходниот период добивме бројни барања од граѓани, особено од дијаспората, кои посочија сериозни проблеми предизвикани од нестабилното снабдување со електрична енергија и лошите услови за живот, решението е на пат и дека цврсто веруваме дека ваквите проблеми наскоро ќе бидат решени и никогаш повеќе нема да се случат – истакна претседателот на Единствена горанска партија, и пратеник во Косовскот собрание, Адем Хоџа.
Единствена горанска партија, сакаме да им се заблагодариме на КЕДС и на Општина Драгаш за финансирањето на овој проект, а посебна благодарност упатуваме до градоначалникот Беџет Џеладини, чија упорност и разбирање на потребите на граѓаните на Гора даваат конкретни резултати.
Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden