
Во Драч се одржа Форумот на Зелените Градоначалници, каде што учествуваа раководители на општини, организации од граѓанското општество и експерти за енергија од целиот Западен Балкан.
Градоначалниците од 19 општини од целиот Западен Балкан потпишаа заедничка декларација со која ја започнаа Алијансата на „зелени“ градоначалници, регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка.
Потпишувањето се одржа на Форумот на „зелени“ градоначалници во Драч, во организација на OSF–WB (Фондација Отворено Општество – Западен Балкан), на кој учествуваа повеќе од 100 општински лидери, претставници на училишта, организации на граѓанското општество и експерти за енергетика.
Форумот беше овозможен од OSF–WB (Open Society Foundations – Western Balkans), беше основана Green Mayors Alliance – Алијансата на Зелените Градоначалници, регионална платформа која има за цел да ги поддржи општините во намалувањето на загадувањето, користењето на обновливи извори на енергија и приближувањето до стандардите на Европскиот Зелен Договор.
Општина Пустец, претставувана од градоначалникот, Пали Колефски, беше една од албанските општини кои ја потпишаа Заедничката Декларација, обврзувајќи се за: намалување на емисиите на јаглерод, инвестиции во чиста енергија, заштеда на енергија во јавните згради
Оваа иницијатива се надоврзува на искуството од проектот Sunny Schools (2021–2024), кој опреми со соларни панели 87 училишта во 36 општини, произведувајќи речиси 2 милиони kWh чиста енергија годишно, намалувајќи повеќе од 946 тони CO₂ и заштедувајќи околу 200.000 €. Во 2025 година програмата ќе се прошири во уште 12 општини, вкупно 48 општини или 10% од целиот регион.
Со оваа обврска, општина Пустец покажува дека е активен дел од регионалните промени, работејќи за почиста средина, поодржлива енергија и подобри услови за живот на заедницата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden