
Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски во Брисел остварил средба со Ана Јунгнер-Нордгрен, претседателка на европската Мрежа за промоција на лингвистичка разновидност со седиште во Брисел.
Чест ми беше да се сретнам со Ана Јунгнер-Нордгрен, со која разговаравме за нови иницијативи што ќе придонесат за силна и видлива промоција на македонскиот јазик во Албанија, информира Стерјовски.
Се заложивме, додава, со заеднички напори да продолжиме да работиме за видливост, признавање и зајакнување на македонскиот јазик, како дел од богатото културно наследство на Европа.
Неодамна тој во Леуварден, Холандија се сретна со европратеничката Ракел Гарсија Хермида-Ван дер Вале, голем поддржувач на правата на малцинствата во Европскиот парламент.
На средбата ја запознал со положбата на македонското малцинство во Албанија, и со предизвиците со кои се соочува во зачувувањето на својот идентитет, јазик и култура
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden