Рама се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Премиерот на Албанија, Еди Рама оствари средба со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Најавена е средба меѓу двете делегации, на крајот од која ќе има и изјава за медиумите.

Паралелно Линда Рама во друштво на Херцог, сопругата на претседателот на Израел, Исак Херцог, ќе ја посети Националната библиотека.

Во 14:00 часот, премиерот Рама заедно со сопругата Линдита ќе пристигне на „Плаза“ во Кнесетот, израелскиот парламент, каде што ќе биде пречекан со посебна државна церемонија од претседателот на Кнесетот.

Церемонијата вклучува почесна гарда, изведување на националните химни, како и положување венци на споменикот на паднатите војници и споменикот на жртвите на теророт.