Претседателот Бајрам Бегај ги прими акредитивните писма од новиот македонски амбасадор Веле Трпевски (ФОТО)

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на средбата со амбасадорот Веле Трпевски ги пофали многу добрите меѓусоседски односи и соработката меѓу Албанија и Македонија.

Тој ја изрази својата посветеност за понатамошно зајакнување на овие односи, во интерес на граѓаните, регионалната стабилност и заедничката европска перспектива, соопштија од неговиот кабинет.

„Тие остануваат најсилниот мост на пријателство, соработка и природни врски меѓу нашите две земји“, рекол Бегај.

Веле Трпевски беше амбасадор на Македонија во Албанија, а претходно ја извршуваше истата функција и во Австралија.