
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска објави снимки од завршувањето на вториот дел од изградбата на Коридорот VIII, Папер – Ура е Грикшит, во областа Елбасан.
„Уште една инвестиција што ја зголемува безбедноста во сообраќајот и ја олеснува поврзаноста меѓу населените места“, напиша Рама покрај објавеното видео.
Станува збор за делница долга 1,8 километри, која се протега на левата страна од реката Шкумбин. Во рамките на овој проект, на 15-тиот километар е изградeн мост долг 330 метри, како и други инфраструктурни објекти, меѓу кои пропусти, потпорни и заштитни ѕидови.
Завршувањето на оваа делница ќе придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на поврзаноста меѓу населените места.
Проектот е дел од една од најзначајните инфраструктурни инвестиции во Албанија, која се реализира како составен дел од автопатскиот Коридор VIII, односно делницата Елбасан – Рогожина.
Според планот, автопатот треба да продолжи од мостот Ура е Грикшит кон Пеќин. Новиот патен правец значително ќе го скрати времето на патување кон јадранското крајбрежје и новото пристаниште Порто Романо, а истовремено ќе има важна улога како безбедносен коридор поврзан со паневропската транспортна мрежа.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden