
Социјалистичкото движење за интеграција, одржа конвенција на партијата во Тирана. Претседателката на СДИ Моника Криемади рече дека на Албанија и треба национален опозициски фронт. Таа најави дека опозицијата ќе излезе на улици да протестира. „Ние ќе бидеме на улици и плоштади за нов договор со граѓаните и создавање на анти – мафијашка влада која ќе ја врати стабилноста и достоинството“, рече Криемади. Шефот на парламентарната група на СДИ, Петрит Васили, во својот говор рече дека „штетата што и ја прави Еди Рама на земјата е голема. Колку повеќе Рама останува на власт, толку потешко ќе биде Албанија да ја донесеме во патот што го сакаме“, рече Васили. Според Васили, заминувањето на Рама нема да задоцни.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden