Аармија на Македонија на 178 заседание на воениот комитет на НАТО

 

 

Притоа од страна на учесниците во дискусија се разгледувани планови, насоки и препораки за понатамошно учество и дејствување во мисијата кои ќе бидат разгледани на состанокот во формат на министри за одбрана во февруари. За време на заседанието, НГШ на АРМ оствари повеќе средби и размени на мислења со повеќе началници од армиите членки на НАТО и партнерските нации, особено со началниците на ГШ на земјите членки на А5 иницијативата, на кои се разговарало за заклучоците од последната конференција и спремноста за справување со сите безбедносни предизвици во склад со цврстата определба на Република Македонија за полноправното членство во северноатлантската алијанса.

На состаноците на воениот комитет активно учество имаат и постојаните воени претставници во командата на НАТО, каде и Република Македонија има свој висок воен претставник. Република Македонија континуирано придонесува за мировниот процес во Авганистан, од 2002 година, а во мисијата за асистенција, советување и обука „Одлучна Поддршка“  учествува во извршување на  одговорни задачи со штабни офицери и обезбедување на главниот штаб во мисијата во Кабул.