Особено расте бројот на барањата за вракање на Бериша на фунцијата претседател на партијата од страна на противниците на актуелниот претседател на Демократската партија Лулзим Баша. Поранешната претседателка на Собранието на Албанија Јозефина Топали вели дека Баша не е во можност да ја собори владата на Рама, бидејки нема такви капацитети за да организира силна опозиција. Таа оценува дека силна опозиција може да организира само Бериша.
Влијателната партиска активистка и екс-заменик шеф на албанската дипломатија Едит Харџи изјави дека Бериша треба да се врати во партијата па макар и привремено, се со цел да ја среди состојбата. Инаку албанските аналитичари оценуваат дека и самиот Бериша не е задоволен од начинот на водење на партијата од страна на претседателот на Демоикратската партија Лулзим Баша. На неколку пати Бериша изрази несогласување со Баша, посебно околу исфрлувањето од кандидатските листи на пратеници пред изборите во земјата, кои во времето на Бериша имаа значајни партиски и државни позиции.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
