
Google Translate е една од најдобрите услуги за преведување и е особено корисна кога патувате во странство. Компанијата, исто така, нуди офлајн режим, кога немате пристап до Интернет. Се разбира, преводот не е прецизен како при он-лајн користењето на алгоритми, но се доволно добри да го разберат значењето на зборовите и речениците. „Google“ користи невронски мрежи и постојано ја подобрува способноста на „Translate“ при офлајн употреба, пишува „ТекКранч“. Најновото ажурирање на компанијата обезбедува поддршка за системот за преведување на невронски машини (НМТ) за 59 јазици (вклучувајќи го и македонскиот), кој може да се користи без интернет пристап.
Дистрибуцијата на ажурирањето веќе започна и ќе биде достапна за сите корисници во рок од неколку недели. Досега офлајн преводот на овие јазици беше речиси невозможна задача која траеше многу време, а честопати се појавуваа грешки при преведување на одредени фрази.Ова е прилично прифатлива вредност, имајќи предвид дека покрива 59 јазици, како и вградената меморија што ја нудат модерните паметни телефони. Се чини дека „Google“ сака да нѐ натера почесто да го користиме „Translate“ при патување.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden