Адем Хоџа лидер на партијата „Единствена горанска партија“ од Гора пати честитка по повод 6-ти мај ден на Гораните каде и да се. Во Косово 6-ти мај е официјално означен како ден на Горанците, заснован на нашата вековна традиција Ѓурѓовден. Ова е нашиот празник за кој се надеваме дека ќе ни донесе повеќе радост, љубов и пријателство. Празникот што за нас започнува на 5 мај долж Потке и трае скоро една недела е празник, е празник со кој Гора цвета како прекрасни цвеќиња. Овој цвет ќе трае вечно додека сме Горанци.
„Кај и да си, за Ѓурѓовден дома да си“ е нашето мото кое не обврзува на да ги зачуваме нашите корени и осбено нашата посебност. Ова се ретки денови на собирање и одмор за нашите вредни и хумани луѓе. Оваа година, празникот ќе го прославиме со посебно внимание заради пандемијата „Ковид-19“ што е присутна денес низ целиот свет. Затоа, ја користиме можноста да апелираме овој пат нашиот празник да се слави во кругот на нашите семејства и нашите најблиски роднини. Среќен и бериќетен ден искрено Адем Хоџа лидер на партијата „Единствена горанска партија“ од Гора.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
