Адеми: Делата на Стерјо Спасе мост помеѓу Албанија и Македонија

Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми во село Глобочани, Општина Пустец Мала Преспа присуствуваше на одбеле​жувањето на 105-годишнината од раѓањето на познатиот писател Стерјо Спасе.

Стерjо Спасе е пример за сите нас кои живееме на Балканот. Фигурата на Спасе треба да биде пример за сите нас, за тоа дека соработката на културите е неопходна, секогаш тргнувајќи од гледиштето на човечноста, интелектуализмот и уметноста, рече министерот Адеми говорејќи за големиот писател Стерјо Спасе, соопшти Кабинетот на министерот.

Според Адеми, Спасе е типичен пример за тоа како можете да се интегрирате во култура, која потоа ќе стане инспирација за многу наредни генерации.

Тој е Албанец кога се зборува за неговата литературна дејност, а е Македонец по етничко потекло. Тој e мост помеѓу Албанија и Северна Македонија. Спасе е пример, за тоа дека уметноста е мозаик на разноликоста и дека границите се надминуваат, истакнал министерот.