Албанија: 50 лица уапсени за измама со ДДВ, зад решетки и познати бизнисмени

Бран на апсења се случија доцна синоќа во Тирана, меѓу нив има и бизнисмени, под обвинение за измама со ДДВ. Полициската операција и на Обвинителството е во тек и се вели дека 50 лица се осомничени дека биле вклучени во шемата за измама со ДДВ.

Обвинителството на Тирана во соработка со даночните инспектори ја спровеле акцијата, додека обвинителите Елизабета Имерај и Вал Пренчи лично го водат случајот.Бизнисмените се обвинети за сторено кривично дело „Измама во субвенции“, што со закон се казнува со парична казна или до четири години затвор.

Досега не се објавени имињата на уапсените бизнисмени, а деталите се очекува да се дознаат во наредните часови, како и за бизнисите кои се опфатени со операцијата. Ова операција е дел од кампањата за борба против неформалноста што албанската Влада ја започна пред неколку недели.